Словенија е првата европска земја што прогласи крај на епидемијата на коронавирус

од Nikola Popovski
214 прегледи

На телефонската седница во четвртокот, словенечката влада прогласила крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го сторила тоа.

Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на инфекција во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на инфекцијата, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.

Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија бил регистриран на 4 март, а до 13 мај биле утврдени 1.464 случаи на инфекција, а починале 103 лица.

Епидемијата на коронавирус била прогласена во Словенија на 12 март, а со тоа Цивилната заштита доби правна основа за преземање мерки за борба против епидемијата на Ковид-19.

Во четвртокот, владата исто така донесе мерки во врска со преминувањето на границите, така што граѓаните на Словенија и другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во Словенија.