Словенија ги потврди првите случаи на новата подваријанта на омикрон

од Nikola Popovski
293 прегледи

Во Словенија досега се потврдени два случаи на новата подваријанта на омикрон, наречена БА.2, чии карактеристики сè уште не се целосно познати, Словенечката лабораторија за здравје, животна средина и храна, која секвенционира заразени со коронавирус примероци, објави во четвртокот.

Подваријантата е откриена во брисеви кои се секвенционирале во првите две недели од јануари, потврди Тјаша Жохар Чретник, директор на националната лабораторија, на прес-конференција, додавајќи дека примероците се од североисточна Словенија, а престојувале во странство.

Споменатата подваријанта е веќе евидентирана во Данска и нејзините карактеристики се уште не се истражени и јасни, но според некои податоци е уште позаразна од претходните соеви, но не предизвикува посилни симптоми, пишуваат словенечките медиуми.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14.206 нови инфекции со коронавирус, а уште 12 лица починаа во петтиот бран на епидемијата предизвикана од омикрон.

Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Слични содржини