Словенија ги поздрави преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ, но предупредува и на БиХ

од Nikola Popovski
163 прегледи

Денеска највисоките словенечки државни претставници ја поздравија одлуката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Во оваа прилика, претседателот Борут Пахор и премиерот Голоб упатија честитки до Скопје и Тирана.

Во специјалното писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Голоб се залагаше Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за членство до крајот на оваа година на најновиот, откако неговиот предлог веднаш да го добие тој статус не ја доби потребната поддршка на последниот самит на лидерите на земјите-членки.

Во писмото објавено од словенечката влада, словенечкиот премиер наведува дека би било добро БиХ да усвои стратегија за реформа на јавната администрација, како и акционен план и стратегија за управување со јавните финансии и дека треба да добие кандидат статус на последниот состанок на Советот на ЕУ на крајот на оваа година.години.

„БиХ би морала да добие статус на кандидат за членство во ЕУ врз основа на исполнување на реални услови, додека ЕУ истовремено би морала да ја признае својата соодговорност за ситуацијата во Босна и Херцеговина и за новата геополитичка реалност во Европа“, наведува Голоб во писмото, пренесено од словенечките медиуми.

„Почетокот на пристапните преговори е испишување ново поглавје за жителите на Северна Македонија и Албанија“, напиша на својот Твитер профил, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, додавајќи дека Словенија ќе продолжи да им помага на двете земји во напредокот на процесот на преговори.

Слични содржини