Словенија ја надигра Македонија во Скопје

од Nikola Popovski
289 прегледи

Македонските ракометари направија голем чекор наназад кон пласман на Европското првенство. Словенечките репрезентативци на гости во Скопје ја совладаа македонската репрезентација со 32:26 и се зацврстија на првото место во групата 1 со максимални шест бода, додека нашите останаа на два и моментално се на третата позиција, зад Литванија која собра четири.

Македонските ракометари водеа по првото полувреме со 16:15, но во вториот дел многу подобра беше Словенија која го доби со 17:10 и на крајот победи со убедливи 32:26.

Фантастична партија одигра словенечкиот дефанзивец Алекс Влах, кој постигна 10 гола, а исто толку за домашниот тим постигна и Филип Кузмановски.

Македонија: Митревски (7 одбрани), Кизиќ (1); Велковски 1 (голови), Ц.Кузмановски 1, Ѓоргиев, Митев 5, Карасманакис, Ф.Кузмановски 10 (2), Костески 2, Пешевски 4, Јагуриновски, Лазаревски, Џонов 2, Стојковиќ, Серафимов 1 (1), Атанасијевиќ.

Словенија: Базник (13 одбрани), Лесјак (0); Благотиншек 4, Б. Јанц 7, Маргуч, Тајник, Јовичич Слатинек, Кодрин 3, Хоржен 4, Чокан, Мливиќ 1, Макуц 2, Грошељ 1, А. Кавчич, Влах 10 (1), Сухолезник;

Слични содржини