Словенија ја повика ЕК да преземе дејства против Хрватска

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Словенечката Влада во оставка побара од Европската комисија да преземе дејства против Хрватска под обвиненија за кршење на законот на ЕУ.   Љубљана го обвини Загреб дека не успеала да ја спроведе одлуката на Хашкиот арбитражен суд во јуни минатата година.

Локално.мк потсетува на 29 јуни минатата година постојаниот арбитражен суд во Хаг пресуди дека 3/4 од контроверзниот Пиранскиот залив припаѓа  на Словенија, која со посебен закон доби и коридор преку хрватските територијални води кон меѓународни води. Ова се случи, откако во 2009 година двете земји потпишаа договор, со помош на ЕУ, што им овозможи на судската институција да го реши спорот за 13-те квадратни километри копно на заливот. Загреб одби да ја признае одлуката на судската институција и го повика својот сосед да организира нови разговори за прашањето за морската граница – студија на случај, кој продолжува да стои нерешен, откако двете земји прогласија независност од поранешна Југославија во 1991 година “Ако Европската комисија не започне истрагата против Хрватска во временската рамка (од три месеци), одреден а од Договорот за функционирањето на ЕУ, тогаш владата ќе го предаде случајот на Судот на ЕУ”, соопшти Љубљана  . Словенечкиот премиер Миро Церар, кој ја објави својата оставка доцна во средата, додаде дека ниту една постапка против Хрватска нема да влијае на кампањите за парламентарни избори, кои ќе се одржат најверојатно во јуни. Спорната територија меѓу двете држави претставува   заливот  во северните делови на Јадранското Море, крстен на стариот словенечки град Пиран. Дел од заливот сепак е и во Хрватска што во 90-тите години, по независноста на двете држави, се создаде  спорот за тоа каде треба да биде поминува  поморската граница меѓу двдете независни држави кои претходно беа во заедничката СФРЈ.