Словенија на чекор од опоравување: Ниту еден позитивен случај во последните 24 часа

од Nikola Popovski
129 прегледи

Во соопштението се вели дека во последните 24 часа биле спроведени 500 тестови, а вкупниот број заразени лица останува 1.439.

Во Словенија не се пријавени нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е првпат во скоро два месеци да не е откриено ниту едно заболено лице, објави денеска словенечката влада.

Во истиот период, две лица починале, со што бројот на смртни случаи се зголемил на 96.

Ова е прв ден без нови инфекции по 4 март, кога првиот случај беше потврден со тестирање, а во изминатата недела, благодарение на превентивните мерки и ограничувања, бројот на новозаразени варирапе меѓу пет и 11, пренесува Хина.

Иако ситуацијата со ковид-19 е под контрола и епидемијата се смирува, словенечките епидемиолози предупредуваат дека тоа не значи дека вирусот ќе исчезне и дека е елиминиран ризикот од нов раст на ширењето на инфекцијата, па затоа е потребно строго да се придржуваат кон мерки на социјална дистанца, хигиена и уште ефективни ограничувања во наредните денови, недели и месеци.

Досега биле спроведени 55.520 тестови за присуство на новиот коронавирус во Словенија и потврдени се 1.439 заразени, што е релативно ниско ниво на инфекција.

Во понеделник, како дел од веќе олабавените мерки, ќе биде дозволена работа продажните места и рестораните на отворените простори како градини и тераси, повторно ќе бидат дозволени миси во црквите со присуство на верници, а ќе бидат отворени и многу услужни активности што не биле претходно достапни за клиентите, како салоните за убавина.