Словенија не се согласува да прими повеќе мигранти, бидејќи Словенија не е балканска држава.
За време на неделниот состанок во Брисел Словенија не се согласи да прима повеќе мигранти, под изговор дека Словенија не е балканска држава. Ние сме дел од Централна Европа и покрај тоа сме во Шенген. Карл Еравец соопшти дека ќе има дополнителни мерки на границата со Хрватска за справување со миграцијата
Тоа,го рече словенечкиот министер за надворешни работи Карл Еравец и соопшти дека ќе има дополнителни мерки на границата со Хрватска за справување со миграцијата. Словенечкиот министер категорично го отфрли предлогот на властите во Загреб возовите од Хрватска да поминуваат низ Словенија без да запираат до австриската граница. Ова ќе значи дека Словенија не ги почитува Шенген правилата кои сме должни да ги почитуваме, рече уште тој пред словенечката телевизија. “Со своите дејствија Хрватска докажува дека е се подалеку од Шенген. Загреб да ги задржи овие рецепти за себе повеќе, па гледаме дека ќе има доста проблеми со мигрантите”, рече министерот.