Словенија: Рекорден број на новозаразени

од Nikola Popovski
197 прегледи

Словенија во вторникот регистрирала 123 нови инфекции со коронавирус, откако тестирала 3.123 примероци, што е најголемо дневно зголемување на случаите од почетокот на епидемијата во оваа земја, потврдија денеска здравствените власти во Словенија.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани – во болниците има 61 пациент, од кои 11 се на интензивна нега, а смртни случаи не се пријавени. Експертите веќе најавија дека бројот на заразени лица ќе се зголеми во наредните денови, најавувајќи дека ќе бидат преземени строги мерки, пренесуваат словенечките медиуми. Повеќето нови инфекции биле потврдени во Љубљана, 18, по што следи Рогашка Слатина со 15 случаи и Марибор со 10.

Како што рече портпаролот на Владата на Словенија, Јелко Кацин на денешната прес-конференција, епидемиолошката слика е „загрижувачка“.

Денешните податоци одразуваат математички модели кои предвидуваа зголемување на инфекциите, рекол Кацин, додавајќи дека болниците се подготвуваат за зголемениот број на пациенти со тешка клиничка слика.

Шефот на владиниот експертски тим, Бојана Беовиќ, за ТВ Словенија еден ден претходно изјави дека бројот на потврдени инфекции на 100.000 во последните 14 дена надмина 40, а епидемијата е „во голем обем“, а особено е загрижена поради зголемениот број на пациенти на болничко лекување и респиратори.