Словенија упати дипломатска нота до Хрватска

од Vladimir Zorba
88 прегледи

   Словенија упати дипломатска нота до Хрватска апелирајќи да ја спроведе одлуката за границата, донесена од Арбитражниот суд во Хаг, соопшти синоќа словенечкото Министерство за надворешни работи.

Нотата е упатена бидејќи Хрватска одбива да ја прифати одуката и поради инцидентот помеѓу словенечката и хрватската полиција и рибарските бродови во пограничното подрачје во Пиранскиот Залив.

Словенија во нотата ја повтори својата посветеност во спроведување на меѓународните закони и договори за арбитража.

– Во духот на добрососедски односи Словенија ја повикува Хрватска да учествува во изнаоѓање на најдобар начи за спроведување на одлуката, се посочува во соопштението на словенечкото Министерство за надворешни работи