Словенија: За неколку стотици евра примаат вакцини наместо други, зависник се имунизирал 23 пати

од Nikola Popovski

Во Словенија, забележан е поголем проблем поради луѓето кои се подготвени да се вакцинираат неколку пати за неколку стотици евра, а главно се работи за луѓе со послаб финансиски статус кои тоа го прифаќаат наместо побогати антиваксери на кои им е потребен сертификатот.

Новинарите од љубљанскиот весник „Дело“ стапија во контакт со млад човек кој досега бил вакциниран четири пати.

Тој тврди дека побарувачката за „вакцинирани“ владее уште од мај.

Весникот наведува дека растечкиот проблем ги доведува во прашање методите со кои се одредува идентитетот на луѓето кои се вакцинирани.

Приказната за зависник од дрога од Љубљана, која досега бил вакциниран 23 пати, кружи на инфективната клиника во главниот град на Словенија

Слични содржини