Случај „Двојник“: Три години затвор за Буки, условни за Колевска и Шпишиќ

од Берта Китинска
375 прегледи

Три години затвор за Фарук Буки, условни казни од една година затвор  за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“.

Основниот кривичен суд Скопје денеска тројцата обвинети ги огласи за виновни.Обвинителниот предлог за овој случај беше поднесен на 14 април. Обвинетите од МВР се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а посредникот за поттикнување.

Како што тогаш соопштија од ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Им биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин, за кој претходно министерот Оливер Спасовски посочи дека станува збор за избеганиот ексначалник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски.

Судењето за овој предмет го води судијката Оља Ристова.

Слични содржини