340
На деншното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” сведочеше бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата „Пелистер”.
Тој изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата.
–Јас на еден состанок прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на владата и ќе оди со европско знаме, изјави Мицевски.