Случај „Меѓународен сојуз“: Обвинителството ќе презентира материјални докази

од Берта Китинска
314 прегледи

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за „Меѓународен сојуз”

Судењето за овој предмет е во фаза доказна постапка, односно презентација на материјални докази од страна на обвинителството.

Предметот се однесува на незаконското финансирање на невладината организација каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

За случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз”, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Кривичниот совет во овој предмет го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Слични содржини