Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.
И на ова рочиште се презентираа пораки од мобилниот телефон на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13
Обвинителството, на почетокот изведе превод од српски на комуникација на првообвинетиот Јовановски и друго лице, од кој можеше да се види како тој нарачува и купува алишта и накит од Милано, како и договара барања за поврат на ДДВ за купената стока.
Првообвинетиот Јовановски, повторно реагираше на овие докази и дека затоа требало да биде извршено вештачење на неговиот мобилен телефон.
Се вештачесеш и комуникација од на мобилниот и компјутерската опрема на обвинетата Јасна Ерцеговиќ.
Ерцеговиќ реагираше на терминологијата што ја користи обвинителството, бидејќи опремата не е одземена и таа не била приведена, туку дека таа самата се пријавила и дека сите компјутери дозволила да бидат земени и на ниту еден немала лозинка, односно биле целосно отворено.
Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е обвинителката Милица Гаврилова.