250
Третобовинетата во случајот за Меѓународниот сојуз Фросина Ременски пред Кривичниот суд изјави дека поднела барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска за предметот кој денеска почнува судењето.
„Поднесов барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител, преку кршење на правата на мене, и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции“, рече Ременски.