Случај НЛБ банка ! – а да не останале парите во банката?

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Еден чиновник украл три милиони евра.Го фатиле и го признал делото но не кажал кај се парите.
Кажал дека му биле потребни затоа што семејството му било во долгови и под закана дека ако не ги врати ќе биде ликвидирано.

Тоа значи парите се кај оние кај кои што неговото семејство било задолжено и кои го уценувале.
И нашето истражувачко новинарство, полицијата и судството не знаат да ни кажат има ли вистина во тоа. А ако е вистина,кај кого и за што било задолжено семејството на ограбувачот на банката цели 3 милиони евра, кој го уценувал или можел да го уценува чиновникот на банката и кај се парите?
И затоа еден сериозен грабеж почнува да личи на пародија. Таа потсетува на еден сличен грабеж на банка во Битола извршен од лица кои ја ограбиле банката во која имале голем долг со цел да си го вратат долгот и украдените пари ги уплатиле на шалтер во истата банка, по што, ако не ги фатеа веќе ништо немаше да и должат на банката?
Затоа можеби треба да се провери да не се уплатени украдените пари на друг шалтер во банката а банката по грабежот да има право од осигурителните компании да си наплати 3 милиони евра. Ова е особено важно да се провери затоа што од директорите на банката само слушнавме дека грабежот се случил затоа што ограбувачот, кој бил вработен во банката, не ги почитувал пропишаните процедури на банката ? 

Но не слушнавме дека некој од директорите е отпуштен од работа или сменет за тоа што им исчезнаа 3 милиони евра.
Тие и натаму добиваат големи плати и ги сметаат за добри директори на банката, добри вработувачи и добри чувари на парите што им ги доверуваат клиентите.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов