Случај „Рекет“: Одбраната бара укинување на пресудата, вишиот обвинител бара поголеми затворски казни за Боки 13 и Јанева

од Nikola Popovski
325 прегледи

Во Апелациониот суд во Скопједенеска се расправаше за жалбите на Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 за случаот „Рекет“, при што одбраната побара да се укине пресудата и да се врати на повторно судење поради, како што рекоа, еден куп повреди во постапката.

„Вештачење на телефоните не им е дозволено, не е дозволено ниту доказ да биде снимен разговор мегу Камчев и Кичеец а форензичарите од МВР всушност не биле вештаци. Нема ни еден доказ дека пари се предадени и дека така се влијаело Камчев да излезе од притвор“, велат од одбраната.

„Три пати бевме одбиени за вештачење на телефонот. Ајде да се прашаме сите заедно на што се темели оваа пресуда. Што гледате вие во тие четири секунди. Гледате пари, гледате женска рака и фледате лист хартија. Гледате некој лик кој што ја носи таа торба полессно него јас оваа маска“, рече Сашко Дуковски, адвокатот на Јовановски.

Вишиот обвинител Дилавер Бектеши пак побара Апелацискиот суд да им ги зголеми затворските казни.

Тој изјавил дека казните од 9 години затвор за Боки и 7 за Јанева се благи, првостепениот суд не ги ценел доволно отежнителните околности, а ги преценил олеснителните. Тој смета дека неосновани се жалбите на одбраната дека снимките што се доказ во „Рекет“ се незаконски стекнати и потенцираше дека тука преовладува јавниот интерес, за што има и воспоставена судска пракса.

За случајот „Рекет”, поранешната шефица на СЈО доби седум, а Бојан Јовановски девет години затвор. Случајот се отвори откакобизнисменот Орце Камчев обвини дека му изнудиле еден милион за да си ја олесни позицијата во случајот „Империја“, тој пак е во  притвор поради случајот „Плацеви на Водно“.

Слични содржини