Случајот со Шуаи Пенг, кинеска тенисерка која објави дека била сексуално злоставувана од поранешниот вицепремиер на кинеската влада, а подоцна и самата се демантира, продолжува да биде интересен за светските медиуми.
Јашу Као, кинески активист за човекови права кој е во САД од 1991 година, во интервју за „L’Equipe“ предупреди дека методот на кинеската влада е да ја прикрие вистината.
„Вообичаена практика на владата е целосно да ги изолира луѓето од надворешниот свет, особено од какви било информации кои доаѓаат однадвор. Тие веројатно не ни знаат што се зборува за тоа. На власта и е полесно да контролира и манипулира“, предупреди активистот.
Шуаи Пенг пред неколку дена изјави дека „никогаш не обвинила никого за сексуална злоупотреба“ и дека нејзината објава на социјалната мрежа „Веибо“ на 2 ноември била „приватна работа“, која предизвикала бројни недоразбирања.
Сепак, постои сомневање дека била принудена да се откаже од обвинението
Као изјави и дека е чудна улогата на Меѓународниот олимписки комитет, кој ќе ги организира Зимските олимписки игри во Кина во февруари.
„МОК соопшти дека повторно разговарале со Шуаи Пенг, но нема транскрипт или видео. Тие зборуваат за „тивка дипломатија“, што значи криење на сè под тепих. МОК се однесува како портпарол на Кина“, рече таа.