Случај „Софтвери“: Ќе се изведуваат докази коишто се однесуваат на разменети пораки

од Берта Китинска
236 прегледи

Во Основниот Кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Јавната обвинителка Ивана Трајчева денеска продолжи со изведување на докази коишто се однесуваат на разменети пораки меѓу обвинетите во врска со набавката на софтверот за кој Обвинителството тврди дека е набавен незаконски.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Слични содржини