Случај Веапоска – супервештачењето покажа дека на родилката ѝ биле извадени три здрави органи

Поради низа пропусти и несовесно лекување дошло до хеморагичен шок, а на родилката од Дебар ѝ биле извадени три здрави органи, бубрег јајник и матка

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ Анекта

Со дополнување на обвинителниот акт и сослушување на супервештаците продолжи судскиот процес за родилката од Дебар која при породување во струшката болница остана без три органи. Супервештаците вината ја лоцираа во првообвинетиот Мухамед Асани, тој како хирург бил одговорен за царскиот рез и за постоперативната состојба на оштетената. И покрај влошената здравствена состојба не направил дијагностика и ехо за настанатото крвавење што довело до хеморагичен шок, кога непотребно и биле извадени три здрави органи.

„Несовесноста се гледа во непреземање дијагностички постапки неследење на состојбата при што дошло до критична здравствена состојба која можела да има смртен исход, ако оштетената не стигнела навреме во скопска урологија, сведочеше Верица Попоска специјалист по судска медицина.

Веапоска во судницата и денес беше придружена од голем број жители на Дебар. Велат очекуваат максимална одговорност за докторот гинеколог.

„Како поддржувачи бараме максимална казна и доживотно ако може, доживотно го заслужува. Цел живот да не стапне во болница да му се одземе лиценцата“, вели Бајрам Несимоски поддржувач од Дебар.

Според супервештаците второобвинетиот, синот на Асани како специјализант смеел да присуствува на операции, но немал одговорност, а третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска воопшто не присуствувала на царскиот рез.