Врховниот суд го одреди терминот за судење на случајот „Монструм“.
Шесттемина осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро ќе треба да се појават пред врховните судии на 30 мај, јави Макфакс.
Во највисокиот суд сè уште се разгледува можноста за линковско поврзување на големата сала во Врховниот суд со друга сала за да може да се излезе во пресрет на огромниот интерес на јавноста, како и на семејствата на жртвите и осудените во овој судски процес. Закажувањето на седницата, на која ќе се одлучува по жалбите на осудените, доаѓа по повеќе од 15 месеци.
Трагичниот настан се случи пред 5 години, непосредно пред големиот христијански празник Велигден,кога на 12 април 2012 беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Цветковски.

За петкратното убиство се осудени шестмина лица на доживотна казна затвор. Двајца од осудените, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата, сèуште се на Косово и не се екстрадирани.
повеќе тука