Случајот со Рашковски: Судот им определи мерки за претпазливост на две лица

од Берта Китинска
273 прегледи

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост.

– Денеска во Кривичниот суд беа повикани пред судија на претходна постапка да се произнесат две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер. По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување пред службено лице во судот или друг надлежен орган, Повремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница и Забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело, соопштија од Кривичниот суд.

Слични содржини