Слушањето музика во автомобил го намалува стресот

од Elena Daskalova

Било да сте под стрес поради самото тоа што возите или ви се случува и нешто друго во животот, музиката во текот на возењето е вистинска антистрес терапија.

Доволно е само да ја изберете компилацијата од песни која ви се допаѓа, за веднаш да забележите дека се намалува непријатното чувство, без разлика од што е предизвикано.

Поголем број возачи потврдиле дека за да го намалат стресот поради самиот чин на возење, слушале класична музика и тоа ги релаксирало и не го доживувале патувањето толку страшно.

Како најдобра музика за мирно возење е проценета онаа чии тактови се слични со отчукувањето на срцето.

Ако сте вознемирени, избегнувајте да слушате музика која уште толку ќе ве „вовлече“ во лошо расположение, а не треба да ја слушате ниту онаа со „агресивен“ ритам.

Секако, мора да внимавате на условите на патот и да не слушате прегласна музика, за да можете да ги регистрирате звуците околу вас.

Слични содржини