Службеничка во белгиската полиција се фотографирала гола на работното место

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Вработена во белгиското Министерство за внатрешни работи е суспендирана од работа поради тоа што се сликала гола во својата канцеларија и во лифтовите од државната установа.

Актовите првпат се појавиле на една француска телевизија, во прилог за онлајн огласите на сексуални работници.

Неименуваната службеничка, која работела во Министерството шест години, тврди дека сликите се нејзина приватност и тоа нема врска со нејзината работа. Надлежните не се согласуваат со тие наводи, бидејќи на фотографиите јасно се гледа каде тие се направени.

Провокативната службеничка е обвинета за нанесување штета врз угледот на Министерството, а таа пак, обвинува за нарушување на нејзината приватност.

Слични содржини