Службените возила ќе имаат унифицирани регистарски таблички и GPS уреди

од Nikola Popovski
40 прегледи

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски денеска објави дека СОЗР ја подобрува контролата на службените возила преку прецизен регистар кој гарантира ефикасна распределба и употреба на државните ресурси.

Според неговите зборови, службените возила ќе имаат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди со што ќе може да вршат постојана контрола на користење на возилата со цел минато да стане нивната злоупотреба.

Томовски на 17-ти септември исто така објави дека државните патнички моторни возила ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните.

Тој додава дека на владина седница била формирана комисија составена од СОЗР, кабинет на претседател на Влада, Генерален секретаријат, Министерството за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерството за енергетика и кабинет на Министерот за добро владеење, со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.

Неодамна премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни, но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Тој изјави дека сите институции се задолжени да направат попис за потребите на возила.

Слични содржини