Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека неговата партија ќе почека да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, па потоа ќе разговараат за тоа дали ќе останат или ќе ја напуштат владината коалиција.
-Ние сме за компромис околу распределбата на ресорите. Но, партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата“, истакнал Гаши.
Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.
-Ние не разговараме за одредени личности, за одредени имиња. Работата е, концептот на Алтернатива. Зошто сме ние во влада? За да може да се реализира. Ние сме заинтересирани за тоа, влеговме во владата за тоа. Сакаме тој дел да се имплементира и сакаме да имаме луѓе во владата, репрезенти, кои ќе го имплементираат тој договор, рекол Гаши.