Алкохолот и лековите можат да бидат многу неповолна комбинација за здравјето. Додека дејството на некои лекови го поништува алкохолот, кај други тоа е дури и смртоносно. А што е со вакцините – дали можеме да пиеме по инјекцијата?
Што се однесува до алкохолот и вакцините, најмногу се зборуваше за руската вакцина Спутник V, затоа што руските здравствени власти јасно ставија до знаење дека не треба да консумираме алкохол откако ќе добиеме доза.
„Оние кои ќе се решат да ја примат вакцината Спутник V против коронавирус, мораат да се воздржат од алкохол два месеци, пред и по имунизацијата“, изјави шефицата на руската служба за заштита и надзор на потрошувачите, Ана Попова
Попова тврди дека алкохолот може да ја намали способноста на организмот да создаде имунитет на коронавирусот по вакцинацијата. Сепак, креаторот на вакцината Спутник V, Александар Гинцбург, рече дека верува дека една чаша пенливо вино нема да му наштети на организмот.
Сепак, тој исто така посочува дека треба целосно да се воздржи од консумирање алкохол три дена пред и по секоја доза на вакцина и дека оваа препорака се однесува на секоја вакцина, а не само на руската.
"One glass of champagne won't hurt anyone, not even your immune system", said Dr Gintsburg, developer of the #SputnikV vaccine. pic.twitter.com/1EAqdbMLpY
— Sputnik V (@sputnikvaccine) December 9, 2020