Смелата принцеза Ваијана – еманципирана веганка која веќе го освојува светот

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Кон топлото тихоокеанското крајбрежје нè носи најновата продукција на Волт Дизни “Ваијана” (од англиски Moana). Со неа киностудијата додаваат уште една смела хероина кон својата колекција од независни девојки – Бела од “Убавицата и ѕверот”, Ариел од “Малата сирена”, Рапунцел, Покахонтас или Елса од “Замрзнатото кралство”.641f10942c16c7157a71b3dd37eee1fb

Приказната не запознава со мала островијанка – ќерка на војсководец, која растела пред околу 3000 години. Инспирирана од легендите кои ѝ ги раскажува нејзината баба, таа одлучува да го напушти својот омилен остров и спокојството, за да го најде “срцето” – бисерче на божицата која би ја вратила плодноста во земјите населени од нејзиниот народ.

На режисерскиот стол седнуваат ветераните во слични анимации Рон Клементс и Џон Маскер ( “Херкулес”, “Аладин”), кои многу вешто користат добро познати техники за да го привлечат вниманието на публиката.

Дејството нè пренесува низ морските длабочини, но за разлика од “Барајќи го Немо и Дори”, тука ќе ја почувствуваме силата на природата, апокалиптичните нејзини инстинкти, кои потсетуваат дека со неа шега не бива.

Во водната авантура друштво на Ваијана ѝ прави полубогот Мауи (со гласот на Двејн “Карпата” Џонсон), кој ја загубил својата сила, но носи прилично многу тетоважи, потсетници на доживувањата.

И иако филмот нè враќа векови назад, тогаш важечките лица одговараат на сосема актуелни претстави за современите херои. Во времето кога еманципацијата незамислива во светот, Ваијана е онаа која докажува дека може да се справи со смели предизвици, а полубогот е претставен како типичен тин идол, самобендисан од славата.

Покрај останатото, сеприсутни се и животинки кои ги пратат главните ликови. Во случајот тоа е свиња со дух на куче и глупаво пиле, подготвено да се впушти во длабокото, едноставно затоа што нема поим каде точно се наоѓа. Со овие животинки, Дизни прави и навестување дека Ваијана е веганка, бидејќи не дава ни влакно да падне од нивните глави, и покрај недостатокот на храна во родното нејзино островче. Водата ќе биде другиот лик, кој води самостоен живот.

По традиција Дизни ја става во преден план и музичката придружба и нема да нè остави рамнодушни на гласот на носителот на награди “Тони” Лин-Мануел Миранда, носителот на награда “Греми” Марк Мансини и на основачот и вокал на светски признатата група за светска музика Te Vaka – Опетаја Фоа’и.

Импресивната визуелизација на филмот покажува едни од најубавите морски авантури со речиси летечки скатови, лути богови и чудесно анимирани бури.

И да не заборавиме дека Дизни секогаш биле во синхронизација со јавното мислење. Во времето во кое Обама стана претседател, студиото пушти приказна со првата темнокожа принцеза Тиана во “Принцезата и жабата”. А во момент во кој еколошката рамнотежа е силно влошена „Вајана” нè доближува до силата на природните стихии.

Анимацијата веќе игра во нашите кина.