Сменет директорот на Кардиохирургија поради „влошување на меѓучовечки односи“

од Nikola Popovski

Разрешен е директорот на скопската Клиника за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Ова денеска го обелодени првиот човек во здравството, Илир Демири. Причината е поради влошување на „меѓучовечки односи“.

-Оформив комисија и побарав да се испита. Во извештајот што го добив нема значителна поврзаност со инсинуациите дека е зголемена смртноста на Клиниката, но има друг податок дека има 170 пациенти кои не се внесени во системот „Мој Термин“ и немаат прилог кон умреница. Затоа денес одлучив да го прекинам вршењето на функцијата на директорот. Друга причина е крајно нарушените меѓучовечки односи во Клиниката, која е врвна. Тоа е недозволиво. Бидејќи сум министер во заминување, сакав ова да го одложам и со ова да се занимава следниот министер. Таму директор треба да се назначи некој експерт од надвор, кажа Демири на денешната прес-конференција со новинарите.

На прашањето кој ќе го замени Шокаровски, министерот истакна дека тоа мора да биде некој кој е поврзан со кардиохирургија или со васкуларна хирургија.

-Јас ако одлучувам нема да биде вработен на Клиниката, туку ќе биде од надвор. Ќе побарам светски експерти кои ќе дојдат и позади кои стојат нивни биографии и искуства, додаде Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

Доктор Шокаровски дојде на местото на кардиохирургот Сашко Јовев.

Слични содржини