Сметководители: Принудени сме своите права да ги оствариме со организиран протест

од Берта Китинска
344 прегледи

Сметководителите на денешниот протест пред владата побараа пролонгирање на роковите за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи.

Тие велат дека официјално барање до Владата испратиле пред една недела но оттаму немаат добиено никаков одговор.

-Принудени сме своите права да ги оствариме со организиран протест пред Владата. Искрено се надеваме на прием од страна на претставници од Влада воедно и претставници од сите институции задолжени за измените согласно барањата, бараат сметководителите.

Официјално барање до Владата испратиле пред една недела но оттаму немаат добиено никаков одговор. Според нив постоечките рокови се куси и речиси невозможно е сите извештаи и завршни сметки да бидат навремено изготвени.

Тие велат дека рокот им е прекраток, зашто дел од колегите биле во изолација, а казните и пеналите за доцнење биле големи.

Слични содржини