Сметот во Велес ќе се собира и дење и ноќе

од Vlatko K
170 прегледи

Сметот во централното градско подрачје и главните улици во Велес освен ноќе ќе се собира и дневно, информира Ѓоре Стојанов директор на ЈКП „Дервен“. По бројни  реакции на граѓаните, Советот на општината на последната 23-та седница од 5 ноември, ја усвои предог одлугата сметот на овие фрекфентни улици наместо само ноќе отсега да се собира двапати на ден, од 12 до 14 и после 21 часот.

Сметот два пати на ден ќе се собира од улиците „8-ми Септември“, „Благој Ѓорев“, „Алексо Демниевски – Бауман“, „Страшо Пинџур“, „Гоце Делчев“ „Димитар Влахов“,  „Архепископ Михаил“ и „Борис Трајковски“.

Одлуката следи по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во овие делови од градот, дека отпадот многу  влијае на загадување на животната средина и нивното здравје, привлекува кучиња скитници, глодачи и инспекти кои се пренесувачи на заразни болести , се потенцира во соопштението на ваквата одлука на Советот на Општина Велес.

Директорот на ЈКП „Дервен“ Ѓоре Стојанов, за МИА  информира дека одлуката на Советот ја добиле во петокот и дека од тогаш интензивно работат на реорганизација на екипите кои ќе бидат вклучени во собирањето на сметот на овие фрекфентни улици.

– Ова ќе ни создаде уште проблеми во собирање на сметот, а  бидејќи сега имаме само стари и дотраени возила, кои поради несовесноста на некои од  граѓаните кои фраат и градежен шут и друг цврст отпад често предизвикуваат возилата да се  расипат. Поради тоа  јас со вработените правиме големи напори за целосно спроведување на одлуката од Советот на општина Велес, а во заедничката заложба за почист град. Секако најдобро решение на кое работиме е да набавиме нови и така да ги замениме старите и веќе достраените возила за смет, појаснува Стојанов.