Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, во гостувањето во „Студио 10“ кажа дека изминатите 4 години се изработени многу работи во општината.
-Наследивме општина каде развојот не бил во прв план. Успеавме да ги зголемиме приливите на општината. Промената на ДУП-овите беше првенствен приоритет. 250 проекти ние направивме на ниво на општина. Многу работи се направени., кажа Смилевски.
Во текот на дебатата по упатените критики од страна на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, дека не се остварени проектите што се ветени Смилевски рече дека Костовски со своите изјави само ги лаже граѓните.
-Вие сте неписмен политички. Срамота е да ги лажете граѓаните, кажа Смилевски .
Тој напомена дека ВМРО е фрбрика за ширење невистини.