93
Како го направи за 10 секунди? Минатиот рекорд беше направен од англиски снајперист, кој успеа да погоди талибанец од 2475 метри. Снајперистот кој е од елитните специјалци на Канада успеа да постигне нов светски рекорд во далечина, од која може да биде застрелан човек. Тој убил двајца борци на Исламска држава од далечина 3450 метри во Ирак. За да ги убие му биле потребни само десет секунди, соопштува The Globe and Mail. Истрелот бил произведен од големокалибрска McMillan TAC-50. Весникот цитира свој извор, според кој информациите за тоа што се случило уште се проверуваат, но по се изгледа дека е постигнат нов светски рекорд.