Поранешниот холандски репрезентативец и екс соиграч на Пандев, Весли Снајдер смета дека ветеранот во Џенова е „многу потценет“.
Снајдер во интервјуто за „Де Телеграф“ ги предупреди Холанѓаните дека во ниту еден момент не смеат да ја потценат Македонија и тимот во кој лидер е Пандев, бидејќи според него, популарниот Гоце е доста потценет фудбалер со неизмерни квалитети.
– Пандев има фантастична лева нога и навистина одличен инстинкт за гол. Горан е фантастичен фудбалаер и една работа го прави специјален. Тој секогаш има добра визија за играта и брзо се ослободува од топката за да ја проследи до својот соиграч кој е пред голот. Пандев е фантастична личност, тој го сака фудбалот и според мене, тој беше доста потценет играч во текот на цела кариера, – вели Снајдер.
Исто така, Снајдер ја предупреди Холандија дека мора да игра внимателно против Македонија.
„Знаете сите што ѝ се случи на Германија, мора да влеземе сериозно во мечот, само така може да славиме“, вели Снајдер.