Snapchat искешира 200 милиони долари за конкурентскиот стартап Zenly

од desk2
111 прегледи

Snapchat искешира 200 милиони долари за купување на конкурентскиот француски стартап Zenly со кој ќе им овозможи на корисниците да ја следат активноста на нивните пријатели според мапата и локацијата на која се наоѓаат.


Snapchat го купи Zenly уште кон крајот на мај оваа година, а наводно со некои негови опции веќе ја надградил главната апликацијата. Snap својата верзија на Zenly апликација ја нарече Snap Map, а таа наводно ќе функционира одвоено од Snapchat како што тоа го прават и Facebook и Instagram.

 

Корисниците на Snap Map може да ги видат фотографиите и видеоснимките на своите пријатели според локацијата на која се наоѓаат додека во позадина им е вклучен GPS.

Zenly им овоможува на корисниците да ги видат своите пријатели на мапата и директно да им пратат порака или да следат што прават на одредена локација. Овој стартап е многу популарен кај младите тинејџери во франција, Азија, Јужна Кореа и Јапонија.