Снег на Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка и Маврово

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Падот на температурите придонесе и за појава на првиот снег во планинските предели. Првата снежна покривка денес е регистрирана на Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка и Маврово.

На социјалните мрежи веќе се појавија и фотографии од првиот снег, кој е невообичаен за овој период од годината.
Од УХМР претходно соопштија дека во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 20 л/м2, а на планинските предели, на надморска височина од над 1.500 метри ќе има врнежи од снег.

Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер кој на моменти ќе дува си брзина до 70 км/час, а дневната температура ќе се спушти до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и температура до 10 степени.
Поради драстичниот пад на дневната температура, БЕГ и ЕЛЕМ Енерџи порано ја почнаа грејната сезона.