ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
1 Крушево, 8 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-2 Маврово, -1 Лазарополе, Крушево, 1 Ѓуриште, Берово, 2 Пожаране, Претор, 3 Кр. Паланка, 4 Дебар, Прилеп, 5 Охрид, Битола, Штип, Куманово, 6 Скопје-З.Рид, Струмица, Тетово, 7 Дојран, Д. Капија, Скопје Петровец, 8 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Прилеп, Пожаране, Штип, Претор, Крушево, 2 Ѓуриште, Битола, 3 Кр. Паланка, 5 Струмица, 6 Гевгелија, Берово, 8 Д. Капија, Маврово, Дојран.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Облачно со локален дожд, а во Маврово и Крушево има врнежи од снег. Дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец..
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со услови за локален слаб дожд, а на планините со локален снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Максималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, на планините со повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилно време, а ќе продолжи да дува умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.