Снег во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле

од Берта Китинска

Утрово снежна покривка има во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле според камерите во живо на страницата skimacedonia.mk.

Според најавите на метеролозите на планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Слични содржини