Снегот на Балканот ја блокира Западна Македонија, Бугарија, а го отежна движењето на патот Ниш-Софија

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Доцна синоќа дојде до сериозни тешкотии за движењето и во Србија по меѓународниот пат од градот Ниш за Бугарија, како и речиси цела Западна Македонија

негг

Поради снежните врнежи од вчера во повеќето планински места во Република Македонија патиштата за камиони и автобуси се затворени .На сите останати автомобили им  е дозволено само ако имаат зимска опрема. Забраната за движење се однесува и за автобусите од градот Тетово кон големиот зимски центар Попова шапка. АМСМ ги повика граѓаните кои немаат итна потреба од патување да не тргнуваат на пат во западниот дел на републиката.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) до  7 часот.  43 Маврово, 34 Лазарополе, 32 Дебар, 31 Пожаране, 25 Крушево, 20 Берово, 18 Тополчани, Тетово, 17 Ѓуриште, 13 Битола, Пожар, 12 Претор, 10 К. Паланка, Штип, 9 Струмица, 8 Охрид, 6 Прилеп, Кавадарци, 4 Виница, 3 Скопје Петровец и 1 Демир Капија.

sneg-469x350

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-8 Маврово, -7 Лазарополе, Крушево, -4 Берово, -3 Прилеп, Претор, Дебар, -2 Охрид, Тетово, Кр. Паланка, Битола, -1 Штип, Виница, Куманово, 0 Скопје, Струмица, Кавадарци, Дојран, 1 Д. Капија, 2 Гевгелија.

Со тешка зимска атмосфера осамна  Софија, главниот град  на Бугарија по непрекинатиот врнежи во саботниот ден. Од синоќа има  постојани јавувања за паднати дрвја и искршени гранки под тежината на снежната покривка.

Бугарија во снежна стапици, снегот не запира а леден ураган прснува ноќеска од североисток

Доцна синоќа дојде до сериозни тешкотии за движењето и во Србија по меѓународниот пат од градот Ниш за Бугарија. Околу 19.00 часот се случи и една несреќа на патот Пирот-Димитровград, која дополнително го комплицира движењето. Во инцидентот нема настрадани тешко.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС во Македонија

Претежно облачно, ветровито и студено со повремен локален снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, на моменти на места со брзина до 80 км/час. Дневната температура ќе биде во интервал од -4 до 2 степена.

Скопје: Облачно, ветровито и студено со повремено провејување на снег, особено претпладне. Дневната температура околу -2 степена.

снег пат

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.