Објавена е снимка од „блиската средба“ на руски ловец “Su-27” и извиднички авион на американската морнарица “Lokid” EP-3E во меѓународните води над Црното Море.

Во понеделникот околу 10 часот дежурната контрола на поздушниот простор над меѓународни води откри кај Црното МОре неидентификуван летечки објект кој се приближувал на воздушниот простор на Русија. Веднаш е пратен „Сухој“.
„Околу 10 часот на 5 ноември 2018 година воздушната контрола забележа неидентификувана воздушна закана во близина на неутралните води на Црното Море, која се ближеше на воздушниот простор на Руската Федерација, Ловец Su-27 полета од најблискиот аеродром и и пријде на метата која е идентификувана како извиднички авион EP-3E ‘Ares’ на американската морнарица“, соопштија од Министерството за одбрана.
Американската морнарица пресретнувањето на својот авион го нарече „небезбедно и непрофесионално“.
Средбата на двата авиона траеше околу 25 минути, а рускиот „СУхој“ пролета пред американскиот авион при што посадата на американскиот авион искусила турбуленции во текот на летот, пренесе CNN повикувајќи се на неименувани извори.
Su-27 и втор пат пролетал покрај американскиот авион под полна сила и предизвикал вибрации на американскиот авион.
За сега нема проценки колку блиску пролетал рускиот авион , ниту дали бил вооружен.