Снимки од безбедносни камери на црногорските гранични премини што ги користел Никола Груевски при бегањето ќе бара Обвинителството

од Vladimir Zorba

Снимки од безбедносни камери на црногорските гранични премини што ги користел Никола Груевски при бегањето ќе бара Обвинителството. Тоа го изјави јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, откако денеска и официјално го презеде раководењето со тој оддел.

Во изјава за Телма таа рече дека Обвинителството издало наредби до полицијата интензивно да работи на откривање на луѓе кои помогнале при бегството на поранешниот премиер како и наредби за проверка на телефонски повици и безбедносни камери.
МВР вели дека собраните информации се предадени на Обвинителството, а во нив спаѓаат и разговори извршени со полицајци на граница и во други служби.

Слични содржини