Снопче, Мицкоски и Таравари да седнат да работат нешто за граѓаните, а не да се расправаат – бараат од партијата на Филипче

од Nikola Popovski
30 прегледи

Пратеникот Халил Снопче и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот Арбен Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните, а не да се расправаат – вака сметаат од СДСМ по заострените тонови околу Предлог-законот за бранители.

Од СДСМ велат дека граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми.

-Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чувствата на граѓаните. Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат, истакнаа од најголемата опозициска партија.

Премиерот Мицкоски не сака да прогнозира кога Законот за бранители ќе дојде на дневен ред во Собранието, но потенцира дека кога ќе дојде, ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Шефот на владата дециден-не работам под закани и уцени, по изјавата на пратеникот Халил Снопче од Вреди дека ќе ја напуштат Владата ако законот биде изгласан. Мицкоски кратко одговори-нека му е со среќа.

Со Предлог-законот за бранителите се допрецизира веќе утврдено право на правичен надоместок за жртвите и за настанатите последици, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, која е предлагач на решението.

Таа уверува дека Предлог-законот не е провокација, ниту обид за дестабилизација на земјата. Според Петровска, собирањето потписи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е чекор назад и обид да се избегне одговорност.

Затоа што не се свикува Комисијата за труд и социјална политика, ниту од претседателката, ниту од спикерот, Левица ќе му поднесе кривична пријава на Гаши.

Во владиниот партнер ЗНАМ, без двоумење велат дека ќе го поддржат Законот.

Законот за бранители е заглавен во собраниската Комисија за труд и социјала бидејќи претседателката Илире Даути од Европскиот фронт не го става на дневен ред и не свикува седница. Вели дека за законот нема да се дискутира ако со него не бидат опфатени и борците на поранешната ОНА.

Слични содржини