Сноуден демантира: Не ѝ плаќам ништо на американската влада

од Nikola Popovski
106 прегледи

Поранешниот член на американската разузнавачка служба (ЦИА) Едвард Сноуден го негирал пишувањето на „Си-Ен-Ен“ дека се согласил да и плати на американската влада повеќе од пет милиони долари заработени од продажбата на неговата автобиографска книга и говорите што ги одржал низ целиот свет.

„Си-Ен-Ен пренесе крајно неточни информации. Како прво, тоа не е договор, не се согласив“, напишал Сноуден на Твитер.

Тој додал дека какви било пресуди во тужбата поднесена против него не се во сила, бидејќи тој живее „во егзил“.

Соуден исто така ја предложил својата верзија на насловот за нивните вести: „САД може да заработат до пет милиони долари ако го помилуваат Едвард Сноуден“.

Адвокатот Анатоли Кучерен, кој ги застапува интересите на Сноуден во Русија, соопштил дека веста дека Сноуден е подготвен да плати пет милиони долари од неговите хонорари на американската влада е шпекулација.

„Сноуден и јас не знаеме ништо за тоа. Мислам дека ова е уште една шпекулација“, изјавил Кучерен.
Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележано“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност (НСА).

Сноуден, кој моментално живее во Русија, заработи повеќе од четири милиони долари од продажбата на книгата и авторските права. Неговите говори, од кои имаше повеќе од педесет, беа платени во просек од 8.000 долари.

Адвокатот на поранешниот соработник на НСА изјавил дека договорот склучен помеѓу Сноуден и судот не значи дека американската влада може веднаш да му ги одземе парите, бидејќи тој ја разгледува жалбата против претходната одлука на судот за одговорност за објавување на книгата.