Швајцарците го поддржаа постепеното откажување од нуклеарната енергетика со денешниот референдум.
Според првите податоци на институтот gfs.bern по затворањето на избирачките места со “да” гласале 58% од граѓаните. Конечните резултати се очекуваат во доцните попладневни часови, но поддржувачите на реформата веќе ликуваат, пренесува Канал 3.
“Ова е историски ден за нашата земја”, рече “зелениот” пратеник Адел Торенс Гумаз пред RTS. “Швајцарија конечно ќе влезе во 21-от век, кога станува збор за енергија”, додаде тој.
Набргу по трагедијата во јапонската нуклеарна централа “Фукушима” во март 2011 година, владата одлучи да ги затвори нуклеарните централи. Новата енергетска стратегија е во процес на развој. Целта е веќе да се зголеми зависноста од хидрауличната енергија, како и од обновливите извори – сончева, ветерна, геотермална и енергија од биомаса.
Владината енергетска стратегија за 2050 година сака да ги извади од експлоатација петте стари реактори кои денес произведуваат околу 1/3 од енергијата на земјата, бидејќи тие го достигнуваат крајот на безбедното работно време. Но, бидејќи сите швајцарски нуклеарни централи имаат отворени лиценци за експлоатација, нема јасен краен датум, кој ќе одреди кога треба да бидат затворени.
Минатиот ноември швајцарските гласачи го отфрлија повикот за забрзување на отстранувањето на инсталациите кои сакаа да го ограничат работниот век до 45 години, во потег кој требаше да принуди три од петте реактори да завршат со работа оваа година.