СВР Куманово соопшти дека кумановската полиција приведе 45 годишен возач кој со автомобил удрил во полициски службеник.
„Вчера околу 12.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи патничко моторно возило „пасат“, лицето М.С.(45) од Куманово, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија“, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.