Со Бугарија покрај пријатели се нарекуваме и браќа, а браќата си помагаат меѓу себе, не се блокираат, вели Заев

од Берта Китинска
281 прегледи

Јас реков гаранции ние од Бугарија не добивме за време на словенското организирање на Самитот ЕУ – Западен Балкан, ниту пак ЕУ доби гаранции, рече денеска премиерот Зорна Заев, потенцирајќи сепак дека работните групи продолжуваат да работат и оти е можно да се најде решение доколку двете страни тоа го сакаат.

-Пораките беа јасни и верувам дека претседателот Радев ги сфати самите пораки. Уште еднаш потврдувам билатерални работи треба билатерално да седнеме и да ги решаваме. Работните групи продолжуваат да работат. Верувам дека би дошле до усогласени текстови, би се решило тоа прашање, затоа што тоа се решливи прашања односно ќе кажам едноставно е, дека краткото име е исто со долгото име, Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии спрема ниту еден од соседите. Секако, немаме територијални претензии спрема Република Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Верувам, нагласи Заев, дека ќе се изнајде решение доколку се сака, односно доколку тоа го сакаат двете страни.

-Ако едната страна сака и понатаму да блокира и да го прави тоа, тоа останува на страната. Дефинитивно нам ни треба поддршката од Бугарија, таа е еден од нашите први соседи, источен сосед. Често покрај пријатели се нарекуваме и браќа, а браќата си помагаат меѓу себе, не наоѓаат начини и прични како да се блокираат. Бугарија е членка на ЕУ и ЕУ без една земја не може да донесе одлука, но убеден сум дека разумноста на политичарите надвор од изборни процеси, во мирни води, во постабилно време ќе преовлада и ќе надвладее за да можеме да испишеме убава историја, која што ќе им ја оставиме на младите, и на децата, и на идните генерации, истакна Заев.

Слични содржини