Со гол во првата минута, Рома ја победи Верона

од Vladimir Zorba

Рома ја постигна првата победа во Серија А по шест натпревари, откако победи со 1: 0 како гостин против Верона во средба од 23-тото коло на калчото.

Единствениот гол во градот на Ромео и Јулија го постигна Ченгиз Ундер уште во 1. минута, а од 51-та „волците“ играа со човек помалку на теренот по црвениот картон на Лоренцо Пелегрини.

Сепак, Рома го задржаа своето водство, а по успехот собраа 44 поени, еден зад четвртиот Интер.

Верона останува на претпоследната 19-та позиција со 16 поени.

Слични содржини