Со измени на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници

од Берта Китинска

Владиниот портпарол, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на сексуалните работнички за декриминализација на нивната работа, изјави дека во тек е процес на разговори за измени на Кривичниот законик во кој, меѓу другите, се вклучени и претставниците на невладиниот сектор.

„Барањата се разгледуваат. Во измените на Кривичниот законик кои се очекува многу скоро да бидат на седница на Влада, се воведуваат нови кривични дела – Полов напад и полово вознемирување. Тоа ги опфаќа сите лица/жени меѓу кои секако и сексуалните работнички“, истакна Арсовски.

Сексуалните работници денеска во Скопје, под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“, го одбележаа Меѓународниот ден на сексуалните работници – 2 Јуни, и порачаа дека е потребно унапредување на нивните здравствени, социјални и работнички права.

Слични содржини