Со изведба на „Тешкото“, вработените во Филхармонија на протест пред Владата

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Со изведба на „Тешкото“ од Глигор Смокварски денеска вработените во Македонска филхармонија одржаа протест пред Владата, поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот упати апел за средба со премиерот Димитар Ковачевски за побрзо надминување на овој проблем.

Според Лазаревски, Филхармонија сосема непотребно е ставена во ситуација која мора да биде надмината и апелираат што поскоро да се најде решение.

Тој потсети дека НУ Филхармонија е првиот и единствен симфониски оркестар во земјава.

-НУ Филхармонија е првиот и единствен симфониски оркестар во земјава, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје. Бараме државата да не заштити и со тоа и на дело да покаже дека ја почитува и цени својата традиција и култура, додаде Лазаревски

Слични содржини