Со „калашникови“ го ограбиле казиното „Астра“ на Партизанска кај „Букурешт“

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Две лица облечени во бели алишта со фантомки на главите и со „калашникови“ го извршиле грабежот – едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното.

Тешка кражба во казиното „Астра“ на Партизанска, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“, е извршена вечерва околу 22.00 часот, пртенесоа повеќе он лајн медиуми.

Полицијата го потврдила случајот. Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главите и со „калашникови“. Едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното.

Нападот траел молскавично. Откако ги зеле парите, ограбувачите влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец.

Се претпоставува дека станува збор за ограбен голем плен.

Слични содржини